Во случај на штета, истата може да ја пријави осигуреникот, односно оштетениот лично, по пошта, телефонски или по електронски пат.
Пријавата на штета, осигуреникот, односно оштетениот, ja врши на образец – пријава на штета.
Пријавата задолжително се потпишува од осигуреникот/oштетениот, односно заверува со потпис и печат ако осигуреникот/оштетениот е правно лице.
Потпишан,односно заверен образец на пријава на штета може да се достави и по електронски пат (скениран документ)
Повеќе детали за постапката и потребни документи за пријавување и решавање штета за различни класи на осигурување може да прочитате тука:
- Каско
- Автоодговорност (материјални штети и нематеријални штети)
- Зелена карта
- Незгода
- Имот (пожар и друг и имотни осигурувања)
- Општа одговорност
- Патничко осигурување
- Транспортно осигурување
- Приватно здравствено осигурување
Листа на рокови за постапување на друштвото во процес на обработка на штетата